Кремљ: Се надеваме дека Србите нема да попуштат под притисок и да воведат санкции кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska
495 прегледи

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, Димитриј Песков, изрази надеж дека Србија и Република Српска нема да попуштат под притисокот на Западот и да се приклучат на санкциите против Русија, додека челникот на РС, Милорад Додик, најави средба со Путин на крајот на месецот во Москва.

Во интервју за Алтернативната телевизија на Бања Лука, која е под американски санкции, Песков ги нарече Србите „браќа и стратешки партнери“.

Портпаролот на Путин оцени дека Белград во моментов е под поголем притисок од Западот да воведе санкции кон Руската Федерација отколку што е случајот со властите на ентитетот Република Српска, кои во Босна и Херцеговина го блокираат тој процес.

„Србија е под уште поголем притисок од Република Српска. Се надеваме дека тие ќе имаат доволно сила да не се усогласат со овој мејнстрим на колективниот Запад“, рече Песков.

Слични содржини