Пригожин: Започна украинската контраофанзива, успешни се

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин претходно денеска изјави дека украинската контраофанзива започнала и дека Бахмут го напаѓаат од крилните позиции.

Како одговор на руските медиуми, Пригожин рече: „За жал, контраофанзивата беше делумно успешна“.

Информациите не можат да бидат независно проверени.

Тој бил запрашан и за изјавата на Зеленски дека контранападот доцни затоа што чекаат возила кои полека пристигнуваат од Запад. Тој рече дека Зеленски лаже кога вели дека офанзивата се уште не е започната.

Руските сили, предводени од „Вагнер“, од минатото лето го напаѓаат Бахмут во областа Доњецк во источна Украина.

Вчера и Пригожин и украинската војска соопштија дека силите на Киев поразиле единица на руската армија во близина на Бахмут, што претставува значителен напредок за Украина.

Украинците се пофалија дека ослободиле значаен дел од градот, а на социјалните мрежи се појавија неколку видеа од наводното повлекување на Русите.

Пригожин ја обвини руската армија дека неговите платеници биле убиени поради нејзиното бегство од бојното поле.

Слични содржини