Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски денеска нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.
– Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20 проценти над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните, изјави Деспотовски.
„Магна Интернационал“ е една од реномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот.