Медведев: Ако го нема Калининград, тогаш го нема ни Краков, Гдањск, Вроцлав…

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Димитриј Медведев, им порача на Полјаците дека некои „стари имиња“ треба да се вратат во полските градови, и тоа по германските и руските називи.

Надлежниот државен орган на Полска им препорача на жителите на таа земја рускиот град Калининград да го нарекуваат Кролевиец.

На тоа Медведев одговори дека тогаш веќе нема Краков, туку само – Кракау.

„Полските русофоби сакаат да ги учат сите историја. Не им се допаѓа името Калининград. Тогаш го нема ниту Гдањск, туку е само Данциг. Тогаш го нема ниту Шчечин, туку само Штетин! Дури ни Вроцлав, туку само – Бреслау! Списокот може да се прошири“, вели Медведев.

Тој предложи и самата Полска да се преименува.

„Се разбира, тогаш повеќе нема ни Полска. Само Војводството Варшава или Кралството Полска како составен дел на Руската Федерација – наследник на Руската империја“, напиша Медведев.

Слични содржини