268
Неколку полицајци и пожарникари се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во градот Ратинген во западна Германија, соопшти полицијата.
Полицајците и пожарникарите биле повикани да му помогнат на немоќно лице, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија, изјави портпаролот на полицијата.
Локалните медиуми јавуваат дека се повредени 12 полицајци и пожарникари, од кои некои потешко, а лекарите се борат за нивниот живот.
Неофицијалните информации велат дека се работи за намерен напад. Локалните медиуми јавуваат дека на околните балкони се поставени снајперисти.
Специјалци упаднале во стан во повеќекатница каде што се случила експлозијата. Не се знае што точно се случило со напаѓачот на полицајците и пожарникарите.