Витаминот Б3 е еден од осумте витамини од групата Б кои му помагаат на телото да ги претвори јаглехидратите од различни видови храна во гориво. Поволно делува на здравјето на кожата, срцето и мозокот.
Постојат три главни видови на витамин Б3 – никотинамид рибозид, ниацин и никотинамид. Секој од овие три вида на витамин Б3 различно влијае на телото.
Витаминот Б3 придонесува за здравјето на кожата
Локална примена на витаминот никотинамид на кожата може да помогне во зголемувањето на клеточната енергија и го регулира производството на еден од клучните ензими кои придонесуваат за поправка на ДНК на кожата и сузбивање на воспалителните цитокини. Според истражувачите, никотинамидот може да придонесе за лекување на широк спектар на проблеми со кожата, вклучувајќи мозолчиња предизвикани од автоимуни нарушувања, акни и атопичен дерматитис.
Витаминот Б3 придонесува за кардиоваскуларното здравје
Ниацинот има потенцијал да ги намали липидите и липопротеините во крвта. Ова е причината зошто ниацинот може да го намали нивото на триглицериди и со тоа да го намали ризикот од срцеви заболувања. Истата студија покажа дека ниацин помага да се зголеми производството на адипонектин, хормон кој помага да се намали формирањето на масни наслаги во артериите.
Витаминот Б3 влијае и врз здравјето на мозокот
Витаминот Б3 во форма на ниацин го штити мозокот од невродегенеративни состојби како што се Алцхајмерова, Паркинсонова и Хантингтонова болест. Оптималниот внес на овој витамин помага за здравјето на нервите и ја одложува дегенерацијата на нервите.
Извори на храна на витамин Б3
Витаминот Б 3 може да се внесе во телото преку храната, но може да се синтетизира и природно во човечкото тело. Никотинамидот е нуспроизвод на метаболизмот на аминокиселината триптофан, при што телото синтетизира 50% од оваа форма на витамин Б3.
Храната како што се јајцата, мешунките, јаткастите плодови, семките и печурките може да обезбеди доволна количина на никотинамид.
Болеста која се јавува поради недостаток на витамин Б3 се нарекува пелагра и се јавува главно во неразвиените земји кои се потпираат на пченката како основна храна. Пченката е врзана за јаглехидратите, и затоа му отежнува на телото да ја апсорбира.