Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 Телевизија, на новинарско прашање како ќе одговори на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за медиумско соочување, рече дека ќе има дебата, но кога ќе дојде време за тоа. Тој ја повика опозицијата да се приклучат кон процесите кои што значат напредување на државта и интеграција во ЕУ.
„Мицковски вооопшо не бара дебата. Тоа го покажа и најновата тема за Договорот за коридорите 8 и 10 д. Бара дебата во Собранието, го испративме договорот во парламентот. Две недели не сакаат да закажат седница на комисија. Бараа дебата за уставните измени. Не прифатија да бидат дел од Комисијата за уставни измени каде што се води дебатата. Имаме тимови за преговири со Европската унија каде што од првиот ден ги поканивме да учествуваат и каде што е место за дебата, исто така не учествуваат. Имавме почеток на преговори со ЕУ, исто така одбија. Единствено нешто што го интересира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не можам да го кажам истото за целата партија, е блокирање на сите процеси во државата . Во моментот во Собранието блокираат половина милјарда евра пари за граѓаните. Тоа се финансиски средства од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), со исклучително поволни камати“, рече Ковачевски.
Според Ковачевски ќе има дуел со Мицкоски кога ќе дојде време за тоа, однсоно пред избори, Тој посочи дека дебатите треба да се водат во институциите.
„Имаме институции во кои што треба да се води дебата. Ние не можеме институционалните расправи и дебати постојано да ги заменуваме со лидерски средби и со дебати на телевизии. Дебатите за автопатишта, поволни кредити, институционални реформи, не се прават на лидерски средби и на телевизиски дебати, Тие се прават во Собранието и во соодветни работни групи во минисерствата. Затоа уште еднаш ги повикувам претставниците на опозицијата, доколку им дозволи Димтар Апасиев, бидејќи тој во моментот ја води дискусијата во опозицискиот блок, да се приклучат кон процесите кои што значат напредување на државта и интеграција во ЕУ“, рече Ковачевски.