178
Германската полиција уапси осомничен во врска со експлозијата во станбена зграда во градот Ратинген во која беа повредени десетици луѓе, соопштија официјални лица.
Полицијата соопшти дека двајца полицајци и тројца пожарникари се здобиле со повреди опасни по живот, четворица пожарникари се тешко повредени, а 22 полицајци полесно, пренесува АП.
Од зградата е извадено тело на мртва жена, чиј идентитет и видови на смртоносни повреди се уште не се познати.