Тајната љубов која познатите актери ја кријат и 25 години по раскинувањето

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Сандра Булок и Метју Меконахи се прославија во деведесеттите, кога се запознаа на снимањето на филмот „Time to Kill“, не долго откако тој раскина со колешката Ешли Џад, која играше со нив во споменатиот трилер.

Веднаш се појавиле искри и набрзо Сандра и Метју Меконахи станаа пар, а за нивната врска не се знаеше речиси ништо. Тие две години успеваа да се скријат од јавноста и да ги задржат деталите за својата љубов за себе, а толку многу се трудеа да ја зачуваат приватноста што постојано негираа дека се заедно.

Сепак, од повеќе причини беше очигледно дека Сандра и Метју се вљубени и многу извори блиски до парот зборуваа за нивната среќа, но тоа не им успеа и раскинаа во 1998 година.

Дури години подоцна актерката не ја негираше врската во едно интервју кога беше споменато дека „раскинала со Метју Меконахи“. Меѓутоа, подоцна се задржала на приказната дека не биле заедно.

„Можеби имаше моменти кога бевме малку вљубени еден во друг, но секогаш бевме професионални“, изјави Сандра.

Како што се пишуваше, Метју Меконахи никогаш не сакал да биде во врска со филмска ѕвезда, а Сандра во тоа време била една од најголемите на светот и им било тешко да одржуваат врска бидејќи често патувале на снимања и нивната љубов едноставно немала шанса.

Сепак, и по раскинувањето останале блиски, па денес не е реткост да ги видиме заедно, а сопругата на актерот Камила Алвеш и Сандра се добри пријателки. Поранешниот пар воспоставил однос полн со нежности, а повеќе пати зборувале позитивно за другиот во јавноста.

Кога Саднра неодамна беше прашана што постоело меѓу Меконахи и неа, таа одговори дека тоа е „почит и љубов“ и дека тоа е она што ги води еден кон друг.

Слични содржини