Ана Ивановиќ го сподели ПРВОТО ВИДЕО од третиот син: „Срцата ни се полни со љубов“

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Тенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер пред неколку дена станаа родители по трет пат.

По две години брак, Ана и Бастијан го добија момчето Лука, а во 2019 година и синот Леон. Нивното семејство се зголеми за уште еден член на 6 мај, кога Ана роди уште едно момче.

Името на наследникот не ѝ е познато на јавноста, а денес убавата тенисерка ги објави првите моменти со новородениот син.

Со емотивно видео, во кое семејството се држи за рака, таа покажа дека конечно се сите заедно.

„Здраво свету! Нашите срца се полни со љубов“, напиша Ивановиќ во својата објава и го тагна својот сопруг Бастијан.

Слични содржини