Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска информираше дека мостот „Беласица“ во непосредна близина на трговскиот центар „Ист Гејт“ кој води кон Железничката станица, ќе биде целосно затворен за движење и на пешаци и на возила.
-Се додека не се утврдат точните штети, мостот ќе затворен и се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна, рече Ангелов.
За причините за појава на пожарот на мостот, како што посочи, ќе се произнесе МВР кое во моментов врши увид.
-Верувам дека стручните лица од МВР ќе ги откријат причините кои го предизвикаа пожарот. Едната можност е електричен спој на високонапонските кабли што е многу малку веројатно, а втората е човечки фактор, бидејќи од она што можевме да го видиме е дека има некакви душеци и ќебиња што дека под мостот престојувале луѓе, истакна Ангелов на прес-конференција.
Ангелов исто така информира дека кејот ќе може да се користи со заобиколување на мостот и додаде дека има услови за тоа од двете страни на Вардар.
Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесе информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во којашто се наведува дека во 23:57 часот е настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топлводна инстлација и е оштетен мостот „Беласица“ на ул „Беласица“, во близина на ТЦ „Ист Гејт“ во близина на бензинска пумпа. Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 ПП возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. Пожарот целосно е изгаснат во 04:00 часот.