Приведен прилепчанец поради поседување пиштол

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти полициските службеници од СВР Битола-ОВР, Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп лишиле од слобода едно лице откако биле пронајдени пиштол и муниција при денешниот претрес во неговиот дом.

– На 12.05.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(64) од Прилеп. Имено, при извршен претрес на дом и други помошни простории во Прилеп кои ги користи Д.Т. пронајден е пиштол калибар 7.65мм, како и 45 парчиња муниција кал.7.65мм, велат од МВР.

Оттаму информираат дека против ова лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.

Слични содржини