Добивме сериозна закана упатена кон премиерот и министрите – велат од хрватско МВР

од desk4
269 прегледи

Поради закана упатена преку телефон кон премиерот Андреј Пленковиќ и министрите, безбедноста околу владата била зајакнета.

Во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и членови на Владата. Со оглед на добиената пријава односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени. Полициски службеници спроведуваат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите, извести полицијата.

Владиниот портпарол претходно потврди дека полицијата била информирана за заканата и поради тоа во Владата бил испратен тим за интервенција.

Слични содржини