Османи во Јабланица и Мостар на средби со градоначалници и претставници на граѓанскиот сектор

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес ја продолжува својата дводневна посета на Босна и Херцеговина. Во текот на денот Османи ќе оствари теренски посети во Јабланица и Мостар и одблиску ќе се запознае со значајни проекти што овие општини ги спроведуваат со поддршка на ОБСЕ.

Покрај тоа, Османи ќе оствари средби со градоначалниците на овие општини, Дамир Шабановиќ и Марио Кордиќ.

Јабланица е една од општините во Босна и Херцеговина којашто е дел од проектот поддржан од ОБСЕ, „Можеме подобро”, чија цел е зајакнување на довербата и поврзаноста помеѓу заедниците во БиХ.

Со цел да ја истакне важноста на работата на невладиниот сектор, Османи ќе реализира и средба со невладините организации кои работат на клучни прашања, како заштита на ранливите групи на граѓани, трговијата со луѓе, родовото насилство, екологијата и борбата со корупцијата во БиХ.

Слични содржини