Најавен нов Lexus GX

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Освен што го потврди пристигнувањето на моделот TX, оваа недела Lexus ја најави и новата генерација на теренецот GX, моделска 2024 година, со неколку тизери.

Третата генерација на GX ќе се појави во следните неколку месеци, иако деталите и датумот на претставување се уште не се објавени.

Актуелниот GX досега помина низ два фејслифтинг и неколку мали дотерувања, па време е за целосно нов модел.

Најавните слики откриваат некои визуелни промени во однос на претходникот, пред се околу светлата. Новиот модел се одликува со аголни LED фарови кои се поелегантни и порационализирани во споредба со претходниот дизајн и опкружуваат црна решетка која ги отфрла традиционалните хромирани акценти.

Вториот тизер го истакнува сегментот на LED лента со целосна ширина, поставена високо на задната врата. Оваа LED лента е придружена со црно украсно парче со натпис Lexus.

Иако Lexus сè уште не објави технички детали за новиот GX, новиот SUV очигледно ќе користи скратена верзија на платформата TNGA-F.

Новиот GX ќе ги задржи своите теренски способности, а истовремено ќе донесе подобрувања во перформансите на патот и удобноста при возењето.

Внатрешноста на GX се очекува да ги содржи најновите достигнувања на Lexus во информатичката забава, удобноста и безбедносните технологии.

Слични содржини