Белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој не е виден во јавноста од вторникот, не се појави на церемонијата во Минск во неделата, што ги подгреа шпекулациите дека е тешко болен.
Државната новинска агенција БелТА објави дека премиерот Роман Головченко ја прочитал пораката на Лукашенко на годишната церемонија на која двајца млади полагаат заклетва пред знамето на поранешниот Советски Сојуз.
Агенцијата не ја наведе причината за отсуството на Лукашенко, пет дена откако тој беше во Москва за да ја прослави победата на Советскиот Сојуз над Германија во Втората светска војна. Но и тогаш не изгледаше добро и не остана до крајот.
Лукашенко исто така не зборуваше на слична церемонија во Минск, за првпат во неговото долгогодишно владеење. Тоа беше последен пат кога беше виден во јавноста.
Според опозицискиот портал „Еурорадио“, Лукашенко (68) во саботата бил префрлен во елитна клиника во Минск.
За неговото здравје пишува и рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на белоруски опозициски медиуми. Руските медиуми ретко пишуваат за здравјето на лидерите на руските или сојузничките земји.
Белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Алеиник треба да пристигне во понеделник во тридневна посета на Москва, соопшти минатата недела руското министерство за надворешни работи.