Неодамна се одржа крунисувањето на Чарлс Трети на кое не присуствуваше сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.
Сепак, на крунисувањето не отсуствуваше синот на Чарлс, Хари, а таткото на Меган, Томас Маркл (78) истакнува дека верува дека е „најдобро“ што Меган останала дома.
„Има премногу несогласувања меѓу Меган, Хари и кралското семејство“, додаде тој.
Меган не се огласуваше по овој повод, а странските медиуми пишуваат дека војвотката од Сасекс е повторно бремена.
Имено, Хари и Меган беа фотографирани пред суши ресторан во Санта Барбара, а TMZ прв објави дека се шпекулира дека Хари и Меган Маркл го очекуваат третото дете, со оглед на тоа што на војвотката од Сасекс и се познавал стомакот, како што наведуваат некои медиуми.
Овие наводи се проширија и на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Хари и Меган Маркл веќе имаат две деца, ќерката Лилбет и синот Арчи.