Столтенберг: Нема смисла да се разговара за тоа како Украина да влезе во НАТО додека не победи во војната

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Нема смисла да се разговара за тоа како Украина да се приклучи на НАТО ако најпрво не победи во војната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека Украина мора да го направи тоа „како суверена и независна европска нација“, пренесува „Гардијан“.

Столтенберг рече дека очекува Алијансата да се договори за „повеќегодишна програма“ за помош на Украина во нејзиниот обид да се приклучи на НАТО.

Слични содржини