Чекајќи ги уставните амандмани

од Vladimir Zorba
284 прегледи

На 4 мај оваа година, заседанието на Бугарското Народно Собрание започна со декларација во чест на Гоце Делчев, поднесена од пратеничка на “Промената Продолжува-Демократска Бугарија”(ПП-ДБ), втората коалиција по број на гласови освоени на последните парламентарни избори. На изненадување на многу симпатизери на оваа коалиција, декларацијата звучи националистички и заканувачки. Во неа се предупредуваат бугарските политичари да бидат што поголеми патриоти и да покажат “внимание, грижа и заштита” на своите сонародници во Македонија, што инаку, според меѓународните норми, е мешање во внатрешните работи на соседна држава.

Необичното е што една реформска партија (ПП), водена од луѓе воспитани во либерален дух, се служи со националистичка реторика. Тоа би го протолкувала како знак дека Кирил Петков е принуден да се додворува на бугарските националисти за стореното “национално предавство” – кревање на бугарското вето. Сега сум уште поуверена дека таканаречениот „Француски предлог“ е прифатен под силен притисок на земјите на ЕУ врз Бугарија, да се отпочнат преговорите со Македонија и воедно, да се сочува единството на Унијата.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини