Авионската фирма, Луфтханза сака да вработи уште 8000 луѓе во 2023 година

од desk4
343 прегледи

Луфтханза сака да вработи уште 8000 луѓе до крајот на 2023 година соопшти денеска германската групација

Авиокомпанијата бара техничари, ИТ експерти, пилоти и адвокати за различни локации, а веќе вработија 6.000 нови луѓе оваа година, јави ДПА.

Повеќето од нив се дополнителни работни места, објасни портпаролот. Тој не кажа колку поранешни вработени во Луфтханза ќе ја напуштат компанијата за возврат.

За време на пандемијата на Ковид-19, компанијата укина речиси 40.000 работни места на глобално ниво и неодамна повторно отвори нови работни места за да се справи со зголемувањето на воздушниот сообраќај.

Според годишниот извештај, на крајот на март во една од компаниите на Луфтханза беа вработени околу 112.400 луѓе.

Слични содржини