ВИДЕОТО што ЦИА сака да го искористи за регрутирање руски шпиони: Не се спомнуваат ниту Путин, ниту војната во Украина

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) објави видео во кое се обидува да регрутира шпиони, односно Руси незадоволни од војната во Украина и животот во Русија, за да ги споделат своите тајни.

ЦИА прво го објави видеото на Телеграм, а потоа и на другите социјални мрежи, вклучувајќи ги Твитер, Инстаграм и Фејсбук. Видеото завршува со инструкции како анонимно и безбедно да се контактира со ЦИА, пренесува CNN.

Претставници на ЦИА вклучени во проектот велат дека руската инвазија на Украина создала историска можност „Русите да дојдат кај нас и да ги дадат потребните информации на ЦИА“.

Неименуван функционер на ЦИА им рекол на Русите дека „агенцијата ги разбира подобро отколку што мислат“ и додал дека со ова видео сакаат да го демистифицираат процесот на контактирање со ЦИА, пишува Си-Ен-Ен.

Пораката, според еден функционер, дека се надеваат дека Русите кои работат на чувствителни полиња со пристап до вредни информации сега ја слушаат е: „Ве разбираме, можеби подобро отколку што мислите“.

„Сакавме да им пренесеме на Русите на нивниот јазик дека знаеме низ што минуваат“, додаде функционерот, кој под услов да остане анонимен зборуваше за чувствителниот проект.

Со овој проект, ЦИА таргетира група руски граѓани, за кои се верува дека бројат илјадници, кои би можеле да имаат вредни информации. Многумина од нив можеби не знаат како да стапат во контакт со ЦИА или мислат дека информациите што ги имаат немаат посебна вредност.

Службеникот инсистира на тоа дека видеото „апсолутно не“ е наменето да биде разгорувачко или да поттикне немир кај општата популација, туку да таргетира поединци кои можеби имаат вредни информации.

Во видеото не се спомнува Путин или војната во Украина.

„Украина е на прво место, но тоа е повеќе или помалку симптом на нешто поголемо. Секогаш има поединци во Русија кои се поистоветуваат со она што ние имаме да го кажеме овде“, рече еден функционер.

Двеминутното видео покажува како Русите се занимаваат со нивниот секојдневен живот, навидум размислувајќи за важни одлуки. Темата за семејството се провлекува низ целата снимка.

„Поради моите постапки, ќе живееме достоинствено“, вели нараторот на руски додека жена во автомобил се јавува во ЦИА на телефон, пред да се појават логото на агенцијата и упатствата за контакт.

Слични содржини