161
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата влада сака прагматични мерки за да го спречи заобиколувањето на санкциите наметнати кон Русија.
Според „Ројтерс“, Шолц ќе присуствува на состанокот на лидерите на Групата седум (Г7) во Јапонија оваа недела, на кој ќе се разговара за плановите за заострување на санкциите кон Русија поради војната во Украина.
Американските власти очекуваат членките на Г7 да се согласат да го приспособат својот пристап кон санкциите така што, барем за одредени категории стоки, секој извоз да биде автоматски забранет, освен ако не е на списокот на одобрени артикли.