Специјалниот пратеник на Пекинг, Ли Хуи, по посетата на Киев истакна дека нема универзално решение за војната во Украина, но ги повика сите страни да создадат услови за мировни преговори, соопшти денеска кинеското министерство за надворешни работи.
Специјалниот пратеник за евроазиски прашања Ли Хуи во вторникот и средата престојуваше во Киев, каде што размени мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други државни претставници за начините како да се стави крај на украинско-рускиот конфликт со политичко решение, соопшти министерството за надворешни работи, пренесе „Ројтерс“.
„Кина е подготвена да ја охрабри меѓународната заедница да најде највисок заеднички именител за решавање на украинската криза и да вложи напори да ги прекине борбите, да воспостави прекин на огнот и да го врати мирот што е можно поскоро“, се вели во соопштението.