176
Групата седум (Г7) дополнително ќе ги заостри санкциите кон Русија за да спречи заобиколување на спроведувањето на таквите рестриктивни мерки, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, по пристигнувањето во Хирошима каде ќе се одржи тридневниот самит на Г7.
Шолц им рече на новинарите дека заострувањето на санкциите против Русија ќе биде направено на добар и прагматичен начин, пренесе „Ројтерс“.
Тридневниот самит на Г7 во Хирошима ќе започне во петок, а лидерите на најразвиените земји во светот треба да го посетат Меморијалниот музеј на мирот во градот, пред дискусиите кои ќе се фокусираат на клучните глобални прашања како што се војната во Украина, снабдувањето со храна, енергијата, вештачка интелигенција и нуклеарно разоружување.