221
Украинската армија соопшти дека рано утринава уништила 19 дронови и проектили од вкупно 28 лансирани од Русија.
„Три проектили лансирани од Црното Море и 16 беспилотни летала беа соборени. Гранатирањето продолжува речиси секојдневно“, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат, пренесе „Ројтерс“.
Русија овој месец го зголеми бројот на ракетни напади, а украинските власти тврдат дека причина за тоа е стравот на Москва од очекувана контраофанзива.