Германија го олеснува патот до државјанство: Една група луѓе сепак НЕМА ДА МОЖЕ да добие пасош

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Германската влада постигна договор за нов закон за државјанство што го олеснува процесот на натурализација. Во исто време, доделувањето државјанство во некои случаи ќе биде целосно исклучено.

Имено, лицата кои извршиле кривични дела мотивирани од антисемитизам, расизам или слични злосторства од омраза нема да можат да добијат пасош.

Новиот предлог закон за државност Министерството за внатрешни работи го подготви во договор со Министерството за правда, дознава „dpa“.

Дополнителен предуслов за натурализација ќе биде лицето генерално да може да заработува за себе и за своето семејство, без да плаќа социјална помош.

Исклучоци ќе има и тие ќе се утврдат подоцна.

Слични содржини