САД и Канада ќе воспостават прекуграничен коридор за полнење на е-возила

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Соединетите Американски Држави и Канада најавија формирање на прекуграничен коридор за полнење електрични возила долг 1.400 километри меѓу Каламазу, Мичиген и Квебек Сити, Канада.

Планот е да се обезбедат опции за полнење во интервали од 80 километри, вклучувајќи најмалку еден брз полнач DC CCS на секоја локација, пренесе Electrive.

Како што беше споменато, коридорот ќе се протега на вкупно 1.400 километри од Квебек Сити до Каламазу, поврзувајќи ги Монтреал, Торонто и Детроит со инфраструктура за полнење. Новата иницијатива беше претставена од канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра и американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџиг на настан во Детроит.

Планирани се вкупно 215 станици за полнење, 61 помеѓу Детроит и Торонто и 154 меѓу Торонто и Квебек Сити.

Изведувачите велат дека се планирани 215 станици долж канадските автопати, иако останува нејасно точно колку станици ќе бидат изградени во САД.

Бидејќи потегот од Каламазу до Детроит е само 145 милји, повеќето од новите станици ќе треба да се наоѓаат северно од границата.

Слични содржини