221
Претседателот Володимир Зеленскиј потврди дека пристигнал во Хирошима во Јапонија на „важни состаноци“.
Тој додава дека „денес ќе се стигне поблиску до слобода“.
Украинскиот лидер в недела лично ќе присуствува на самитот на Г7 во Хирошима и ќе има билатерална средба со јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на неговиот престој, соопшти денеска јапонското Министерство за надворешни работи.