262
Групата од седум најбогати земји во светот (Г7) денеска ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија за да ја прекине војната против Украина.
Во заедничката изјава, лидерите на Г7 истакнаа дека не сакаат да ѝ нанесат штета на Кина и бараат „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг, препознавајќи ја важноста на искрениот ангажман и изразувајќи загриженост директно до Кина, пренесе АП.
„Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре својата воена агресија и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од Украина“, се вели во соопштението.