Рама: Албанија прва во Европа по раст на туризмот споредено со пред пандемијата

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Во последните две години, по пандемијата со Ковид-19 Албанија бележи значителен раст во туризмот.

Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата.

Повикувајќи се на статистиката на СТО, Албанија во изминатиот период од годинава, на светско ниво бележи раст од 54 отсто по Катар и Саудиска Арабија.

Незапирливо зголемување на туристите кои ја избираат Албанија, не само за летната сезона покрај море, туку во текот на целата година, од Тирана насекаде од север кон југ, напиша Рама во објавата на социјалните мрежи каде ја објави и табелата податоци.

Додава дека „тоа го потврдува и спектакуларниот податок на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата, со што се најавува фантастична летна сезона“.

Минатата година Албанија ја посетиле 7,5 милиони туристи, што е најголема, рекордна бројка, остварена некогаш во земјата.

Слични содржини