Временска прогноза: После пладне нестабилно со локален дожд и грмежи

од Nikola Popovski
242 прегледи

Денеска претпладне ќе биде умерено облачно, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14°C, а максималната од 18 до 24°C.

Во Скопје умеренo облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со максимална температура до 24 степени.

Слични содржини