На Криволак започнува голема вежба, учествуваат четири армии на НАТО

од Nikola Popovski
210 прегледи

На армискиот полигон „Криволак“ започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година и ќе трае до 2 јуни. Вежбата започнува денес и во неа ќе учествуваат 1850 лица од армиите на Македонија, САД, Албанија, Црна Гора и Косово.

За време на вежбата ќе се користи стандардна муниција, а за првпат пробно ќе се употреби роботизирано возило Проетк Ориџин кое се уште е во развојна фаза. Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Слични содржини