Шаќири: Има училишта кои не реагирале во случаи на булинг

од Nikola Popovski
276 прегледи

Мислам дека во проценката на МВР е дека некои безбедносни активности ќе се зајакнат. Една од препораките беше сите родители да се запознаат со кривичниот законик, каде што имаме одговорност во начинот, пред и после наставата, одговорноста до одредена година спаѓа и кај родителите. МВР во сите ситуации со службите во наредниот период ќе изработи препораки кои ќе бидат повнимателни во делот на безбедноста, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Како што информираше, на и-мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.

-И до граѓаните и до медиумите повикувам, кога зборуваме за насилство, имаме ситуација која е позитивна. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, кажа Шаќири.

Министерот рече и дека имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг.

-Пријавено е два-три пати и од страна на училиштето не е проценето дека треба да се пријават. Има и такви ситуации, обелодени Шаќири.

Слични содржини