Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 112.7. Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (20.4 %), Образование (15.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.3 %).
-Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.0 %), Преработувачка индустрија (6.6 %) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (5.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2023 година, изнесува 52 318 денари, потенцираат од ДЗС.