Груби: Власите имаат круцијален придонес за развојот на нашата земја

од Nikola Popovski
191 прегледи

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите.

-Почитувани сограѓани од влашката заедница, По повод вашиот национален ден, ви посакувам многу здравје, благосостојба и успех во остварувањето на вашите прогресивни аспирации. Денешниот ден е потсетување и израз на благодарност за вашиот круцијален придонес за демократската консолидација и развој на нашата земја врз вредностите на мирот и еднаквоста. Како што досега придонесовме за прогресивната сегашност, да останеме заедно почитувајќи ги јазикот и културата еден на друг за да ја изградиме европската иднина. Среќен 23 мај, Националниот ден на власите, се вели во честитката на Груби.

Слични содржини