Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека се уништени „украинските националистички формации“ кои извршиле инвазија на територијата на Белгородската област и дека во таа прилика се убиени повеќе од 70 терористи.
„Киевскиот режим, откако претрпе пораз во Артјомовск (Бахмут), продолжи да спроведува терористички акции против цивилното население. На 22 мај, по интензивното артилериско гранатирање на меѓународниот премин ‘Козинка’, како и голем број други цивилни објекти на областа Граиворонск на Белгородската област, единица на украинската националистичка формација изврши инвазија на територијата на Русија“, соопшти министерството, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, додаде дека се уништени четири оклопни борбени возила и пет камионети.