Русите на аукција го продаваат станот на Зеленски на Крим

од Nikola Popovski
247 прегледи

Државниот стан на семејството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и други објекти на Крим, ќе бидат понудени на аукција, а средствата ќе бидат наменети за помош на борците кои се наоѓаат во зоната за специјални операции, вака изјавил претседателот на Парламентот во Крим, Владимир Константинов,, пренесува РИА Новости.

„Станот е национализиран и сега е во сопственост на државата. Ќе следи лицитација, а парите од продажбата на станот на Зеленски и другите национализирани објекти ќе одат за потребите на СВО, семејствата на загинатите и мобилизираните“, рекол Константинов.

Одлуката за национализација на голем број големи згради во сопственост на украински олигарси на Крим беше донесена денеска на седница на Парламентот на Крим.

Национализацијата го опфати и недвижниот имот на семејството Зеленски во Ливадија, на јужниот брег на Крим, потсетува руската агенција.

Слични содржини