179
Времето денеска ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, известуваат од УХМР. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени, а максималната од 18 до 29 степени.