Богоев: Мицкоски држи митинг во црква – простете им не знаат што прават

од Nikola Popovski
236 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев упати критики до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека држел партиски митинг во црква.

-Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во црква. Додека некој успеа да се избори за признавање и автокефалност на МПЦ – ОА, Мицкоски од друга страна прави груба и досега невидена партизација на црквата. Простете им, не знаат што прават, напиша синоќа Богоев на социјалните мрежи.

Како што велат од најголемата опозициска партија, вчерашната свечена церемонија во црквата Св. Софија била по повод одбележување на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј. Настанот се пренесуваше во живо на социјалните мрежи.

Слични содржини