299
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Смедерево, уапсен е Г.Г. (49) од Крагуевац, вујко на У.Б. кој е осомничен дека убил осум, а ранил 12 лица во околината на Младеновац.
На осомничениот Г.Г. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа поради сомнение за сторено кривично дело недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи, соопштија од Вишото јавно обвинителство во Смедерево.
Г.Г. е уапсен по заедничката работа на Вишото јавно обвинителство во Смедерево и Службата за борба против организиран криминал на Управата за криминалистичка полиција на српското МВР.