284
Војските на Јужна Кореја и на Соединетите Американски Држави денеска извршија масовни воени вежби во близина на границата со Северна Кореја.
Денешните вежби, први од петте рунди воени вежби на сојузниците до средината на јуни, се одржуваат на 70-годишнината од воспоставувањето на воениот сојуз меѓу Сеул и Вашингтон, пренесе АП.
Северна Кореја вообичаено одговори на ваквите големи вежби на Јужна Кореја и САД со тестирање на проектили и друго оружје, соопшти агенцијата.