„Често го посетува нејзиниот стан“: Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ најде нова љубов

од Stefanija Kuzmanovska
424 прегледи

Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ, Данијела Димитровска, е во врска со извесен Јеврем Косниќ. Во населбата каде живее поранешната манекенка велат дека ја виделе Данијела со Јеврем, пренесе „Нова.рс“.

„Повеќе пати ја видовме Данијела со тоа момче, но секогаш беа во поголемо друштво. Не знаевме дека тоа е нејзиното момче до вчера, кога го видовме тоа во медиумите. Не си разменуваа нежности, барем не јавно. Убаво е што ја најде среќата“, изјавил еден од нејзините соседи.

„Најчесто ја гледам со детето, а еднаш ја видов со ова момче и друштво. Тој млад човек често го посетува нејзиниот стан. Живееме во иста зграда“, додава соседот за „Курир.рс“.

Да потсетиме, Огњен и Данијела се разведоа летото 2022 година, а од бракот го имаат синот Матија.

Амиџиќ исто така пронајде нова љубов, па ужива со колешката Мина Наумовиќ.

Слични содржини