Повеќе нема дојави за бомби, Спасовски: Не може да преземате мерки во 2023 со методи од 90-тите години

од Nikola Popovski
251 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информира дека во изминатиот период нема дојави за бомби или хибридни закани.

-Ние информиравме постојано и доколку има било што, секако ќе дознае јавноста. Преземени се низа на мерки. Вие знаете дека донесовме упатска и протоколи како единствена држава во регионот, која што сите овие протоколи ги сообрази со новите времиња и тенденции. Работевме со протоколи кои што беа од 90-тите години и поранешна Југославија. Денес времето е поинакво и технолошкиот напредок е поинаков. Не можете да преземате мерки во 2023 година со методи од 90-тите години. Сега немаме такви електронски закани. Во чекор се следат сите активности и капацитетот е на високо ниво, рече Спасовски во изјава за медиумите.

Слични содржини