Папата Франциск: Светот мора итно да се откаже од фосилните горива

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Светот мора брзо да се откаже од фосилните горива и да стави крај на „бесмислената војна против создавањето“, рече денеска папата Франциск во новиот говор за климатските промени во кој ги повика луѓето да се покаат за своите „еколошки гревови“.

Папата Франциск ја постави заштитата на животната средина како камен-темелник на неговиот понтификат, истакнувајќи во неговата значајна енциклика „Laudati Si“ (Пофалба) од 2015 година дека планетата „почнува да изгледа сè повеќе како огромен куп нечистотија“.

„Мораме да ја послушаме науката“

Во пораката за Светскиот ден на молитвата за грижа за создавањето, тој рече дека самитот на ОН за климата во Дубаи, што ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември, „мора да ја слуша науката и да иницира брза и праведна транзиција за да се стави крај на ерата на фосилни горива“.

„Според обврските преземени во Парискиот договор за спречување на глобалното затоплување, апсурдно е да се дозволи продолжување на истражувањата и проширување на инфраструктурата за фосилни горива“, додаде папата.

Слични содржини