Се укинуваат економските директори: Од 1 јануари 2024 клиниките ќе се обединат во еден Клинички центар

од Nikola Popovski
386 прегледи

Од 1 јануари 2024 година, Клиничкиот центар ќе има еден генерален директор, кој ќе ги раководи сите Клиники. Со тоа би се укинале организациските директори на одделните клиники. Ова денеска го најави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

-Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата година и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува. Значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на дигиталната платформа „Мое здравје“.

Како што истакна Меџити, со ова работната позиција економски директор ќе се укине.

-Нема да имаме загубари од 20 милиони евра, како заедничките служби, кои не знаат што работат. Не откривам топла вода, но тоа го имало и било добра работа, рече министерот.

Слични содржини