Лидерот на Република Српска Милорад Додик во интервју за РИА Новости оцени дека разговорот со рускиот претседател Владимир Путин бил успешен и изразил благодарност за поддршката на Руската Федерација на Република Српска.
„Разговорот беше многу успешен. Разменивме мислења за актуелната ситуација во нашите односи, за регионалната и глобалната агенда. Уште еднаш беше потврден пријателскиот однос на Владимир Владимирович Путин и Руската Федерација кон Република Српска. Потврдивме дека ние сме сигурни партнери и сите наши средби се доказ за тоа“, рече Додик.
Тој додаде дека е многу благодарен за поддршката што Руската Федерација ѝ ја дава на Република Српска, особено на ниво на меѓународното право, како и дека Русија е гарант за спроведување на Дејтонските договори и условите кои мора да се исполнат на нивото на Советот за безбедност на ОН.