Актерката Салма Хајек (56) е цел на критики откако на својот Инстаграм профил објави серија фотографии како позира на балконот од хотелската соба во Кан.
Холивудската убавица тогаш се подготвувала за црвениот тепих, а многу следбеници тврдат дека сега изгледа непрепознатливо и дека претходно изгледала поприродно.
„Зајдисонце во Кан“, напишала Салма во описот на фотографијата, а следбениците не биле воодушевени од нејзиниот изглед.
„Не личи на себе“, „Не знам што се случи, ти изгледаше поприродно и подобро пред неколку месеци“, „За момент помислив дека ова е Ким Кардашијан“, се само дел од коментарите под готографиите.
Инаку, Салма неодамна блесна на црвениот тепих во Кан во гламурозен долг фустан со длабоко деколте на премиерата на филмот „Killers of The Flower Moon“. Таа позираше со својот сопруг, францускиот претприемач Франсоа Анри Пино (60).