405
Што се случува со младите и каде се младите во процесите на креирање политики и носење одлуки?, прашува студентот на Економскиот факултет при УКИМ и младински активист, Марио Паунов.
Тој во својата колумна за СМК прашува како ќе ги задржиме младите ако не се имплементира Законот за млади и ако младите не се во фокусот на држава?
-Наместо фокусот да биде насочен кон младите и нивна еманципација во општеството, ние повторно правиме грешка во “чекори” и дозволуваме да се маргинализираат и обезвреднуваат младите. Со сегашната ароганција и пристап кон младите и недостаток на политичка волја за решавање на младинските прашања, ќе се зголемува егзодусот кај младите и директно ќе се стимулира проектот “Карта во еден правец”, оценува Паунов.