Спасевска: Системска поддршка од УКИМ за техничките и уметничките науки заштитувајќи ги уметноста и културата

од Nikola Popovski
216 прегледи

“УКИМ нема системски мерки за поддршка за младите асистенти, доценти и вонредни професори, а недоволно се поттикнува и работата на меѓународни проекти каде подеднакво ќе бидат вклучени и колегите од уметничките факултети. Немаме системска поддршка и на уметноста и студиските програми кои служат за зачувување на националното богатство од секоја сфера, нашиот јазик и јазиците на заедниците во Македонија и уметностите. Ние во последните неколку години два пати бевме номинирани за Оскар и токму наши колеги од нашиот Универзитет. Дали добија награда за тоа? Дали биле некаде пофалени на УКИМ, прашува проректорката за настава на УКИМ и кандидат за ректор, проф.д-р Христина Спасевска.

УКИМ дава награда за наука, а не дава награда за уметност, вели таа, осврнувајќи се на потребата да се создаде транспарентен механизам со правила и прописи по кој ќе се распределуваат буџетските средства на универзитетот и подеднакво вложување како во техничките, така и во уметничките науки, но пред се, намалување на дискреционите права на ректорската управа.

“Иако во нашиот статут и во законот, секаде стои “наука и уметност”, воопшто уметноста не е поддржана така како што треба на УКИМ. Ние како државен универзитет сме должи да го зачуваме нашето национално богатство што го имаме, а уметноста и културата се наш најголем промотор. Недоволно и нетранспаретно се распределуваат и средствата наменети за единиците на УКИМ, а не се вложува во квалитетна инфраструктура и обезбедување нормални услови за следење на настава. Имав шанса како проректор за настава да увидам кои се предизвиците на нашиот универзитет. Токму тоа и беше мотивот да се кандидирам за ректор на УКИМ, заедно со професорите и колегите да ги надминеме недостатоците и да креираме механизми со правила и прописи, преку кои се намалуваат дискреционите права на ректорската управа која ја сочинуваат ректорот, проректорите, деканите и директорите, вели Спасевска.

Слични содржини