Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski
169 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 17 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Температурата ќе стигне до 26 степени.